Коронавирус: Се зголемува бројот на заболени
11.03.2020 10:41
Се воведуваат мерки за самоизолација, особено за луѓето кои доаѓаат од Италија којашто е под строг режим на ограничено движење на целата територија.

Нови случаи на заболени од Ковид-19 и на Балканот. Во Босна и Херцеговина има седум, во Србија 12, а Хрватска регистрираше 16 заразени лица. Се воведуваат мерки за самоизолација, особено за луѓето кои доаѓаат од Италија којашто е под строг режим на ограничено движење на целата територија.
Крузерите и натаму под зголемен надзор. 30 патници, вклучувајќи и петмина Британци, и 34 членови на екипажот на брод во Камбоџа очекуваат резултати од тестирањата за коронавирусот.
Во Турција е регистриран првиот случај на инфициран од Ковид-19.
