Виенски бал во Скопје

08.03.2014 14:39

Традиционално по 15 пат во Скопје ќе се одржи Виенскиот бал во организација на Здружението за културна соработка „Јохан Штраус“, а под покровителство на Австриската амбасада во Македонија.

Виенскиот бал во Скопје е културно музичка манифестација што ја потврдува македонско-австриската соработка на полето на културата и уметноста. Врвни уметнички имиња од земјава и музиката на легендарната династија Штраус прават оригинален спој на културите на двете држави.

 Гостите ќе се дружат со виенскиот валцер со естравагантноста на Штраус музиката, со уметноста во која се чувствува легендарниот музички дух на Виена.

На балот годинава ќе настапат стотина врвни уметници.

Скопје 15 години е една од привилегираните метрополи во светот што имаат свој виенски бал.