Течат роковите за изборите на 12-ти април
Македонските државјани кои живеат и работат во странство имаат можност до вечер на полноќ да се пријават за гласање. Исто така до полноќ можат да направат увид на своите податоци во Избирачкиот список...

Течат роковите за предвремените парламентарни избори закажани на 12-ти април, предвидени од Државната изборна комисија. Македонските државјани кои живеат и работат во странство имаат можност до вечер на полноќ да се пријават за гласање. Исто така до полноќ можат да направат увид на своите податоци во Избирачкиот список, како и избирачите во земјата, преку веб апликацијата на ДИК на веб страната, како и во подрачните единици и канцеларии на ДИК.
Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) до вчера до 11:30 часот за гласање во дијаспората се пријавиле 5.012 македонски државјани, а прифатени се барањата на 4.132 нашинци, необработени се 843, а одбиени 32 пријави.
Најмногу пријавени за гласање има во Мелбурн, Австралија, каде засега има 470 прифатени барања за гласање, потоа во Венеција, со засега 425 прифатени барања, Берлин со 403, и Берн, со 293 прифатени барања.
