Грција: Тензично на границата со Турција
Бриселската средба на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и лидерите на ЕУ не даде конкретни резултати, освен порака да се почитува договорот од 2016 година.
Припадниците на грчките безбедносни служби со шок бомби и солзавец се борат против бранот мигранти кои се обидуваат да стигнат во западна Европа. Бриселската средба на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и лидерите на ЕУ не даде конкретни резултати, освен порака да се почитува договорот од 2016 година.
„Грчката влада ја заслужува нашата цела поддршка. Споредете ја ситуацијата со 2015 година. Случувањата се поинакви сега на границата бидејќи Атина умее да си ги заштити границите. Тоа не беше случај во 2015 година со Алексис Ципрас“, изјави Манфред Вебер, ЕПП Германија.
„Шокантно е дека Европа се грижи за бегалците само ако се проблем на нашите граници. Шокантно е што Европа одговара со солзавец, со непочитување на законот и човековите права. Дали сакаме да сме вакви? Оние кои бегаат од војна, оние на кои им е потребна заштита и оние кои живеат во неподносливи услови на грчките острови, сакаат солидарност од наша страна. Европската унија мора да ги поддржи земјите-членки на границите, но потфрла“, рече Ска Келер, Партијата на зелените.
Идната недела земјата ќе ја посетат францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел со цел продолжување на разговорот во обид да се изнајде решение за проблемот со мигрантите.
