Автобусите на ЈСП од утре сообраќаат по редуциран возен ред
Јавното сообраќајно претпријатие информира дека ова се прави поради состојбата со коронавирусот и намалениот број патници, како една од препораки за превенција од ширење на Ковид-19.

Од утре па во следниве две недели, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по редуциран возен ред, како за време на зимски или летен распуст. Јавното сообраќајно претпријатие информира дека ова се прави поради состојбата со коронавирусот и намалениот број патници, како една од препораки за превенција од ширење на Ковид-19.
„ЈСП Скопје апелира до граѓаните за рационално користење на јавниот превоз, а истовремено потсетува дека сите возила на ЈСП Скопје уште од пред десетина дена се подложни на дополнителен третман на дезинфекција“, информира претпријатието.
Секое возило, независно дали сообраќа цел ден на одредена линија или се вклучува еднократно е подложно на дополнителна дезинфекција.
