ООН со резолуција за поддршка за договорот меѓу САД и Талибанците
15-те членки едногласно го усвоија текстот во кој се поздравуваат и значајните чекори за окончување на војната и отворање на преговорите што се резултат на февруарската средба во Доха.

Советот за безбедност на Обединетите нации усвои резолуција за поддршка на американскиот мировен договор со Талибанците во Авганистан. 15-те членки едногласно го усвоија текстот во кој се поздравуваат и значајните чекори за окончување на војната и отворање на преговорите што се резултат на февруарската средба во Доха.
Според спогодбата, Талибанците треба да учествуваат во преговорите со властите во Кабул за иднината на Авганистан. САД кои се таму од 2001 година почнаа да ја повлекуваат војската од земјата.
Ривалските челници Ашраф Гани и Абдула Абдула веќе положија заклетва за претседател на Авганистан. Гани потпиша уредба за ослободување на 1500 Талибанци од затвор кои мора да дадат писмена изјава дека нема да се вратат на фронтот.
