Чулев: Припадниците на МВР патролно ги контролираат лицата во изолација поради коронавирусот

11.03.2020 13:50

Имајќи предвид дека се зголемува бројот на луѓе кои според налозите на Институтот за јавно здравје се ставени во изолација, полицијата вовела патролно контролирање во местата на нивното живеалиште.

Граничната полиција продолжува да контролира пристигнување на патници од земји со заболени од коронавирус на 5-те гранични премини и двата аеродрома. Се делат флаери и се водат информативни разговори со патниците, вели министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. Граничните полицајци користат заштитни мерки и при контакти со илегалните мигранти кои се стопираат во земјава.

Имајќи предвид дека се зголемува бројот на луѓе кои според налозите на Институтот за јавно здравје се ставени во изолација, полицијата вовела патролно контролирање во местата на нивното живеалиште.

„Во однос на лицата на кои веќе Институтот за јавно здравје им одреди мерка изолација, со оглед дека тој број постојано се зголемува, капацитетите на МВР се користат во насока на нивно патролно обезбедување“, изјави министерот Чулев, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на полициската станица во Гази Баба.

Поради зголемената изложеност на ризик и можен контакт со заболени, додаде Чулев, МВР набавило и во постапка на набавка е на една дополнителна заштитна опрема.