ВМРО-ДПМНЕ: Итно да се донесат дополнителни мерки за заштита
Само доследното и навремено спроведување на мерките за корона вирусот може да го спречи ширењето. Досегашното неспособно однесување на министерот за здравство и оние кои што тој ги поставил да раководат, само ја влоши состојбата- велат од опозициската партија...
Потребни се итни интервенции на клиниките и план за регрутирање на медицинскиот кадар со цел соодветен одговор на ситуацијата со коронавирусот, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Предлагаат сет- дополнителни мерки.
„Да се дадат јасни насоки на сите здравствените работници за постапување за заштита од ширење на корона вирусот. Да се преземат мерки за растеретување на здравствените институции особено оние од терциерно здравство. Да се одложат здравствени процедури кои се елективни. Да се подготви план за ротација на здравствените работници, како и план за вклучување на сите расположиви средства и сите расположиви здравствени работници (млади лекари, пензионери итн) во случај на потреба“, рече Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Само доследното и навремено спроведување на мерките за корона вирусот може да го спречи ширењето. Досегашното неспособно однесување на министерот за здравство и оние кои што тој ги поставил да раководат, само ја влоши состојбата со пропагацијата на вирусот и го загрози здравствениот систем- велат од партијата.
