Промовирана коалицијата „За обнова за Македонија“

11.03.2020 15:40

Мора да се издигнеме над сивилото кое ни ја дава денешната слика за политиката и политичарите во Македонија, ние мора да наметнуваме нови вредности, нови принципи и нов начин на делување, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

16 политички партии и тројца независни носители на листи под водство на ВМРО-ДПМНЕ ја потпишаа предизборната коалиција под името „За обнова на Македонија“.

Мора да се издигнеме над сивилото кое ни ја дава денешната слика за политиката и политичарите во Македонија, ние мора да наметнуваме нови вредности, нови принципи и нов начин на делување, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Од коалицијата „За обнова на Македонија“ најавуваат макотрпна работа и големи резултати. Повеќе за работниците, невработените, повеќе за бизнисот, за младите, пензионерите, земјоделците, повеќе за социјално ранливите категории на граѓани.

Зголемени плати за 25 проценти, пониски даноци, рамен данок од 8%, капитални инвестиции кои ќе бидат секоја година најмалку 90% реализирани од тоа што било испланирано, зголемени пензии за 20 отсто- вети Мицкоски со коалициските партнери.

Според проектираното, обновата ќе донесе индустријализација на економијата, но и странски и домашни инвестиции од најмалку 4 милијарди евра.

 

Миле Ристески