Прилеп

Има пари за заштита на спомениците, но не и за археолошки истражувања

11.03.2020 15:59

Прилепскиот завод и мјузеј е задоволен од прифатените проекти од Министерството за култура. Но архелозите реагираат и обвинуваат - втора година нема пари за архелошки истражувања...

Прилепскиот музеј е задоволен од добиените проекти за годинава, но архелозите реагираат - втора година веќе нема археолошки истражувања. Забелешките и реакциите се на адреса на директорот на музејот, зашто како што се вели, симптоматично е што двата проекта за истржување на големиот локалитет Стибера и на локалитетот Алкомена, ги немаше ниту во прифатените, ниту во одбиените, иако уредно пријавени.

Директорот на музејот категорично ги отфрла обвинувањата дека, наводно укажувал да не се прифатат проектите. Вели, ниту имам право ниту е според прописите.

Прилепскиот музеј доби 8.800.000 денари, од кои 8 милиона за заштита на спомениците на културата, а останатите се за музејската дејност. Меѓу проектите се споменикот Илинден во Крушево, манастирот Свети Нилола во Мариово, вредниот Иконостас во црквата Свето Благовештение.

Надвор од програмата се одоберни 20 милиони денари за доизградба на конаците, на заштитата на црквата Успение на пресвета Богородица и за античкиот локалитет Колобаиса на Трескавец.

 

Елизабета Митреска