Прва жртва од коронавирусот во Албанија
11.03.2020 16:14
Таа пред 15 дена се вратила од Италија, а била хоспитализирана на 3-ти март.
Во Албанија регистрирана е првата жртва заразена од новиот коронавирус. 73-годишна жена од Драч починала од сериозни компликации, бидејќи боледувала и од други срцеви и белодробни болести.
Таа пред 15 дена се вратила од Италија, а била хоспитализирана на 3-ти март.
Во Албанија, според министерството за здравство, досега регистрирани се 12 случаи со коронавирус, вклучувајќи ја и починатата жена од Драч.
