До полноќ се поднесуваат листи за кандидати за пратеници за изборите на 12-ти април
Кампањата за изборите треба да започне на 23-ти март, но како ќе се одвива изборниот процес во следниот период ќе зависи од одлуките на техничката Влада за спроведување на изборите...

Рокот за поднесување кандидатски листи до Државната изборна комисија (ДИК) за закажаните предвремени парламентари избори за 12-ти април завршува вечерва на полноќ. Кампањата за изборите треба да започне на 23-ти март, но како ќе се одвива изборниот процес во следниот период ќе зависи од одлуките на техничката Влада за спроведување на изборите, имајќи ги предвид околностите и мерките преземени поради сппречувањето на ширењето на корона вирусот во земјата и во светот.
Исход за натамошниот тек на изборниот процес се очекува и од денешната средба на премиерот Оливер Спасовски со лидерите на политичките партии.
Од овие одлуки, како што велат од ДИК, ќе зависи и нивната натамошна работа. Тие продолжуваат со активностите за организација и реализација на изборите, прилагодувајќи се на укажувањата од Владата и Министерството за здравство. Веќе се одложени едукациите на избирачките одбори, а ќе бидат заменети медицинските лица кои се членови во ОИК и ИО.
