Груевски за средбата Меркел-Нимиц во Берлин
Германија е серизен и крупен играч во Европа
07.11.2013 19:53
Премиерот Никола Груевски ја оценува како позитивна средбата на посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин..
- Не би коментирал нешто каде што не сум бил присутен. Сосема е јасно зошто Нимиц бил поканет кај германската канцеларка Меркел. Знаеме со што се занимава тој и за кое прашање е поставен од ОН и сигурно дека тоа било главна и централна тема. Сосема е јасно дека Германија сака да има поточни и поконкретни информации. Германија е сериозен и можеби еден од најкрупите играчи во Европа во делот на политичките случувања, изјави премиерот Груевски.
- За нас е добро Германија да биде добро запознаена со случувањата со она што во минатиот период се случуваше во односите со нашиот јужен сосед затоа што ние мислиме дека имаме исправна позиција и имаме конструктивна позиција во тој дел. Токму кога една таква значајна држава како Германија ќе биде во детали запознаеме ние само позитивно можеме да гледаме на тоа и никако поинаку, оцени премиерот Никола Груевски.
