Ау, каков машки велеслалом!
А, ау каква тек завршница престои во Леицерхаиден за крај на алпската скијачка сезона. Крањска Гора донесе супер трка во велесламом кај скијачите.

Тед Лигети со импресивно прво и исто толку второ возење со севкупно 2:30.80, ја обезбеди својата 4 велеслаломска победа сезонава, 6-та на Крањска Гора во своето се на се, 44-то искачување на подиумот во кариерата. Оној кој воодушеви во Словенија, е австриецот Бенџамин Рајх кој со неверојатна втора трка која практично беше и временски најбрза, но поради неговото прво лошо возење по кое беше 16-ти го однесе (во иронија кажано) САМО, до второто место на подиумот(2:30.98). Комплетирањето на пиедесталот го направи фантастичниот позитивно дрзок 19 годишниот норвежанец, Кристорферсен(2:31.05), кај кој сеуште се свежи медалите ”исковани“на Олимписките игри во Сочи, бронзениот и златото од јуниорското светско минатиот викенд.
Третиот по првото возење швеѓанецот Олсен, не го издржа притисокот од можен свој прв подиум во кариерата, па на само неколку минати врати по стартот тука и заврши.
Потфрли максимално индиспонираниот лидер во генералниот поредок Свиндал, кој по првата трка беше 13-ти, а не се истакна ништо ниту во втората, за конечниот пласман за него денеска во Крањска Гора гласи, 17-ти. Свиндал се доведе во незавидна ситуација за големиот кристален глобус бидејќи сега разликата е само 41 бод од Хиршер (бранителот на тронот), кој денеска доскија до 4-тото место.
Во велеслаломскиот поредок исто така ќе одлучува завршницата во Швајцарија. Разликата меѓу бранителот на глобушчето и денеше победник Лигети и вториот во поредокот Хиршер е само 50 бода.
Утре скијачите на истото место ќе се пуштат на слалом патеката.
