Победа за олеснување, но не и решавање на ситуацијата
Резултатот вечерва од Германија, ќе разјасни или замрси се до последниот викенд во ракометната лига на Шампионките и Вардаровата група 1.

Македонските шампионки во моментов се втори во табеларниот ¼ финален поредок во својата група. Денеска противнички им се германските првенки, Турингер кој во моментов се лидерки со бод плус од Вардарки.
Домашниот триумф би ги однел на табеларни плус три од девојките на Индира Кастратовиќ, што ќе им ја олесни значително работата на патото кон Будимпешта и фајнел-фор завршницата. Победа на Вардар пак, ќе им ја олесни на нашите шампионки домашната против отпишаниот Сафехов во последното коло, со повторно преземање на врвот.
Но, има и друг условно проблем. Денеска пак во Шведска кај Савехоф гостува данскиот тим број еден, Митјиланд. Победат ли данските ракометарки, а претпрпат пораз македонските, ќе си ги заменат местата на табелата, Митјиланд одат втори, Вардар трети. Потсетуваме, два тима одат во завршната финална 4-ка. Реми, (веќе ако нема победа) за Вардар, можеби најмногу ќе одговара во целата заплетканост.
Денеска 15.00ч. Турингер-Вардар СЦБТ.
ТАБЕЛА
Група 1
- ТУРИНГЕР 6
- ВАРДАР СЦБТ 5
- МИТЈИЛАНД 4
- САВЕХОФ 1
