Полициска акција „Лепак“
Милиони денари заработиле 14-мината цариници и превозниците шверцувајќи облека преку граничниот премин Ново село.

Фирми од земјава ја купувале брендираната облека од бугарија и грција,а робата се пренесувала секогаш кога на смена биле токму уапсените цариници. Превозниците за транспотот земале по две евра за килограм облека, а парите ги делеле со цариниците.
-„во случај кога некој од членовите на злосторничкото здружение бил откриен во вршење на кривичните дела од страна на органите на прогонот, пријавениот раководителот на царинската испостава превземал дејствија во насока на прикривање на делото со наложување за изготвување царинска потврда за плаќање на увозни давачки со невистинита содржина“, изјави Гордана Јанкуловска- министер за внатрешни работи
Колкав е профитот од незаконското работење на криминалната група само се претпоставува, дополнително треба да се утврди штетата во буџетот од неплатените давачки.во истрагата јавниот обвинител ќе го проверува и потеклото на имотот на осомничените.
Во реализацијата на акцијата биле вклучени 170 полициски службеници, инспектори од УЈП и пазарната инспекција.
Лани, МВР на неколку наврати заплени брендирана облека вредна милион денари, и вкупно 8 моторни возила со кои се превезувала робатa.
Андријана Aтанасовска
