В понеделник седница на Советот за национална безбедност за состојбата со коронавирусот
Претседателот Пендаровски за в понеделник свикал седница на Советот за национална безбедност со стандардниот состав ќе присуствуваат и министерот за здравство и началникот на ГШ на Армијата, на која ќе се разговара за состојбата со коронавирусот...
Претседателот Стево Пендаровски за в понеделник свикал седница на Советот за национална безбедност со стандардниот состав ќе присуствуваат и министерот за здравство и началникот на ГШ на Армијата, на која ќе се разговара за состојбата со коронавирусот и мерките што стојат на располагање.
Тој на денешната прес конференција повика лидерите на партиите во наредните денови да ги преиспитаат ставовите за неодложување на изборите и водење кампања преку социјалните мрежи, затоа што, според него, спорен е и самиот изборен ден кој треба да се организира во вакви услови. На парламаентарните избори, рече Пендаровски, во просек гласаат над еден милион граѓани, а во нивната организација учествува 30-илјадна администрација.
