Груевски на политичка академија

08.03.2014 16:37

Многу е важно што се зборува во политиката, дали се тоа празни фрази или работи кои подоцна се исполнуваат. Токму ова не прави суштински различни од нашите политички противници – изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ- Никола Груевски во обраќањето на политичката академија на тема политика, комуникација и организација на современа народна партија. Дадениот збор од ВМРО ДПМНЕ мора да се исполни и да се вложат сите ресурси за реализација на ветеното

-„Ние не ветуваме лесно и не ветуваме нереални работи. Ние сите наши ветувања ги базираме на темелни анализи, затоа што кога го даваме ветувањето, сакаме да сме сигурни дека тоа ќе се исполни, затоа и ги исполнуваме нашите дадени ветувања, затоа и народот ни верува. Со нас знаат дека можат да очекуваат исполнување на работата, тоа е проверена работа. Чувствуваат дека можат да се потпрат на нас или барем можат да се потпрат повеќе од на било кој друг и знаат дека ние нема да им го свртиме грбот.Утре треба народот повторно да го погледнете во очи, а како ќе го поледнете ако сте го измамиле. Сигурно не сакате да се чувтвувате како политички противници кои бегаат од погледите на очите на народот“,  рече Груевски.

Според претседателот на владеачката партија – СДСМ на предстојните избори ќе ветувале многу нереални работи кои убаво звучат, но и самите опозиционери ќе знаат дека нема да можат да ги исполнат, но нивната крај цел е да украдат некој глас повеќе.

-„СДСМ знае дека нема да победи, па затоа ќе ветува брда и долини, тие ја немаат истата одговорност. Со нас не е така, ние знаеме дека ќе победиме и она што ќе го ветиме мора да биде реално и да го оствариме, тоа е одговорност. Ќе имаме програма, која како секогаш ќе носи добри проекти и нови можности за граѓаните, реална, мерлива, остварлива, а како гарант за нејзиното остварување се нашите дела и проекти кои сме ги оствариле претходно. Затоа народот ни верува и ќе продолжи да ни верува“, рече Груевски.

Говорејќи за значењето на академијата и обуките груевски потенцираше дека, кадарот, во вмро-дпмне е продукт на континуирани сесии на обуки и тренинзи, а главен критериум во процесот на селекција на носителите на функции се способностите, знаењата и квалификациите, кои ги поседува индивидуата. Тоа според него е една од најголемите  предности во однос на политички конкуренти, кај кои и по 20 години присуство на демократската политичка сцена, припадноста на политичките династии и заслугите од минатото имаат предимство пред системот темелен на знаења и компетенции.