Седуммината тестирани негативни на Ковид- 19

15.03.2020 17:31

Тестот на пациентот од Кочани, е негативен, но заради типичните симптоми на вирусот, истиот се повторува.

Резултатите на 7-те пациенти кои претпладнево се тестираа се негативни на корона вирус, соопштува Министерството за здравство.

Денеска се тестираа пациенти од Куманово, Тетово, Кичево, Охрид, две трудници од Дебар и еден пациент од Кочани, чиј брис пристигна преку ЦЈЗ Штип.

Тестот на пациентот од Кочани, е негативен, но заради типичните симптоми на вирусот, истиот се повторува.