Жените-успешни и во најтешките професии
И ноќе е на терен. Се соочува со оние што го кршат законот. Професоналец и мајка на две деца...
Во единицата за борба против криминалот е две години. Задоволна е што во тимот сите се еднакви.
„Ние сме 4 жени кои излегуваме на терен, имаме ист број работни часови, како и нашите колеги. Мислам дека сме добро прифатени во единицата од сите колеги. И најважно од се е да си ја сакаш својата работа“, вели припадничка на единицата „Алфа“.
Водена од патриотизмот, да го брани интегритетот на државата Валентина Велковска, пак, пред 15 години го пробила мразот и застанале пред предизвиците на профелионалните војници. Но паралено со нив се соочува и со предзивикот да биде добра мајка. Вели дека наредбите се почитуваат без оглед дали доѓаат од маж или од жена.
„Исти ни се обврските, исти ни се одговорностите. Жени има во мировни мисии во Авганистан, Ирак. Има жена половник, командант. Сосема сме рамноправни“, изјави Валентина Велковска, Мајор во АРМ.
И додека во полицијата и армијата бројот на жени се зголемува. Билјана засега е единствената жена пожарникар. Веќе 10 години се бори со огнот.
„Трчам работам, ако не можам сама, барам помош од колегите, тие се добри ме штитат“, изјави Биљана Симоновска, пожарникар.
На работното место жените можеби стануваат рамноправни со мажите, но дома сеуште нема рамноправност. Социолозите пресметале дека во просек жената нема слободна недела46 години.
Наташа Јанчиќ
