Затворени седум локали во Скопје кои не ја почитувале мерката на Владата

16.03.2020 08:59

Локалите ќе бидат затворени до завршување на мерката која е донесена од страна на Владата, информираат од Министерството за внатрешни работи...

Секторот за внатрешни работи – Скопје, во координација со Државниот пазарен инспекторат вчера попладне затвориле седум локали во северниот дел на Скопје кои не ја почитувале одлуката на Владата.

Локалите ќе бидат затворени до завршување на мерката која е донесена од страна на Владата, информираат од Министерството за внатрешни работи.