„ТВ Училница“ од 10:30 до 12:15 на МРТ1
Децата од предучилишна возраст и основците до петто одделение ќе имаат можност да следат едукативни содржини на првиот програмски сервис од 10:30 до 12:15 часот, додека на вториот програмски сервис на МРТ, од 12:30 до 13:30 програмата продолжува на другите јазици.

Од денеска неформална едукација за учениците и децата на претшколска возраст на Јавниот сервис. Децата од предучилишна возраст и основците до петто одделение ќе имаат можност да следат едукативни содржини на првиот програмски сервис од 10:30 до 12:15 часот, додека на вториот програмски сервис на МРТ, од 12:30 до 13:30 програмата продолжува на другите јазици.
Едукативните содржини се изведени од наставните програми по кои децата од предучилишна возраст и учениците во моментов се едуцираат во училиштата и градинките, кои пак, се привремено затворени со одлука на Владата како дел од мерките за заштита на јавното здравје поради ризикот од ширењето на коронавирусот.
Оваа неформална едукација преку „ТВ училницата“ на Јавниот сервис ќе се реализира сé до повторното отворање на училиштата и градинките и нормално продолжување на формалниот воспитно – образовен процес на учениците и децата од предучилишна возраст.
Програмата може да ја следите во живо и на интернет страната на МРТ.
