Во Србија прогласена вонредна состојба, денес регистрирани вкупно 55 заразени лица

16.03.2020 10:44

Српската Влада синоќа со соопштение ги прецизираше мерките за вонредната состојба, со кои границите на Србија се затворени за сите странските државјани, освен за српските државјани кои се враќаат од странство и за дипломатите и странските државјани со дозвола за престој во Србија.

Во Србија од утринава е на сила вонредна состојба, како мерка во борбата против коронавирусот или како што кажа претседателот Александар Вучиќ,Србија ја започнува „битка за постарите лица“.

„Од утре нема школи, нема градинки, нема факултети, се се затвара, сите простори ќе ги дезинфицираме, од утре нема спорт,нема теретана...локалните самоуправи ќе ја ограничат работата на рестораните, кафаните, се затвара животот, за да го сочуваме животот, нашите родители и постарите“, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Лицата постари од 65 години мора да останат во своите домови, порача Вучиќ, најавувајќи дека во наредните три дена полицијата ќе проверува колку мерката се почитува, а сите оние кои не ја почитуваат наредбата за изолација, ќе им следи казна до три години затвор.

Српската Влада синоќа со соопштение ги прецизираше мерките за вонредната состојба, со кои границите на Србија се затворени за сите странските државјани, освен за српските државјани кои се враќаат од странство и за дипломатите и странските државјани со дозвола за престој во Србија.

За сите нив, обврска е да бидат во самоизолација најмалку 14 дена, под кривична одговорност, додека оние што доаѓат од жариштата, самоизолацијата ќе трае 28 дена.

Српските вооружени сили ќе бидат на границите, како помош на санитарната инспекција и граничната полиција, а присуството на војската ќе биде и крај „здравстените установи и други позначајни објекти.“

Забранети се јавните собири во затворен простор до 50 лица, со што се намалува бројката од 100 луѓе колку што претходно изнесуваше.

Владата препорача граѓаните да бидат во самоизолација, да седат и да работат дома. Оние кои тоа не го можат, ќе мора да преземат заштитни мерки и заштитна опрема.

Упатен е апел до граѓаните без потреба да не купуваат прехранбени и санитарни артикли и донесена е Одлука за ограничување на цените на основните прехранбени производи, на заштитната опрема и средствата за дезинфекција.

Во Белград,се намалува обимот на градскиот сообраќај и се укинуваат сите ноќни линии, а работата на угостителските објекти е ограничена од 08 до 20 часот.

Денска се регистрани 7 нови случаи на заразени со коравирусот, со што вкупната бројка се искачи на 55 лица.

Од Белград за МТВ Оливер Бранковиќ