Казна за Иљараменди
Реал Мадрид соопшти дека ќе го казни Асиер Иљараменди затоа што учествувал во традиционална борба со бикови за време на карневал во баскискиот град Аспеитија.

„Како и сите клубови и ние имаме правилник којшто го регулира однесувањето на фудбалерите. Санкција ќе има, иако досега не сум слушнал некој да е казнет поради учество во трка или во борба со бик“, шеговито изјави тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, на прес конференцијата во пресрет на утрешниот натпревар пд Примера против Леванте.
Решението на кралскиот клуб е логично затоа што никој не дозволува поведение со коешто се ризикува здравјето на играчите, а Реал за Иљараменди минатото лето плати 40 милиони евра. На социјалните мрежи веќе е лиферувано видео на коешто се гледа како Баскиецот, кој е облечен во костум на Бетмен, го предизвикува бикот на борба.
