Работна средба во МНР со амбасадорите од регионот за непречен транспорт на стоки

16.03.2020 15:34

Димитров одржа работен состанок со амбасадорите на Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора за меѓусебна координација и договор што ќе овозможи непречен транспорт на стоки во регионот.

Шефот на дипломатијата Никола Димитров одржа работен состанок со амбасадорите на Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора за меѓусебна координација и договор што ќе овозможи непречен транспорт на стоки во регионот.

„Непречениот транспорт на стоки е во интерес на сите држави од регионот и тоа треба да го реализираме со минимален ризик по здравјето на сите вклучени во тој процес“, истакнал Димитров, соопшти МНР.

На средбата учествуваа и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на царинската управа Ѓоко Танасоски, генералната секретарка на македонската транспортна асоцијација МАКАМ-ТРАНС, Биљана Муратовска, како и претставници од Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство на Република Северна Македонија.

Од страна на амбасадорите беа презентирани информации во однос на мерките кои се преземени во нивните земји и сите се согласија за создавање на усогласен режим на движење во овој кризен период.