Ракомет

Им подарија бод Вардарки на Турингер!

08.03.2014 17:10

Прокоцкани два бода кои ќе решеа дел од главоболките во очи на последното ¼ финално коло во Лигата на Шампионките. Турингер-Вардар СЦБТ 24:24.

Какво само прво полувреме ни понудија мак шампионките, фуриозно, беспрекорно прецизно, агресивно. Се што треба и се што се посакуваше, со предност и до 6 плус, за по 30 минути биде позитивата на три за црвено-црните, 12:15.

Вториот дел со серија од три нула отвораат домашните ракометарки, да почне резултатското бркање, со најизменично менување во водството. Последниот напад го имаа девојките на Кастратовиќ, кои имаа и тоа каква шанса да си донесат накај Скопје чисти заслужени три бода. Далеку од тоа дека бод не брка работа, ама не ја завршува. Голманките вардарови на висина на задачата, Андреа Лекиќ феноменална со 10-те прецизни удари.

Домашната, следниот викенд против отпишаниот Савехоф треба да биде 100% за пат во фајнел-фор завршницата.

Борбата за Будимпешта ја брка и Митјиланд кој пак утре гостува во Шведска, а со последното меѓусебно преслушување, Митјиланд-Турингер ја добиваме јасната слика, кој од групата 1 ќе биде дел од големата шампионска 4-ка.

Ако се доведат вардарки во пата-пата ситуација и со германските и со данските првенки, предноста ќе натежне на македонска страна.

Во секој случај, табеларниот изглед нема да претрпи промени по ова предпоследно коло. Турингер останува лидер сега со 7 бода, еден повеќе од Вардар СЦБТ, Митјиланд има 4, Савехоф еден, но и обата тима со натпревар помалку.