Се замрзнуваат цените на основните продукти
Од утре следуваат високи казни за сите оние кои ќе се обидат да им наштетат на граѓаните, а ќе бидат вклучени и кривични пријави, соопшти министерот за економија, Бектеши...

Владата го прифати предлогот на Министерството за економија за забрана за зголемување на цените на продуките од страна на трговците, објави на својот Фејсбук профил министерот за економија, Крешник Бектеши.
Од утре следуваат високи казни за сите оние кои ќе се обидат да им наштетат на граѓаните, а ќе бидат вклучени и кривични пријави, соопшти министерот.
Тој ги повика граѓаните да ги пријават сите зголемувања на цените на бројот 02 3220-547.
Според информациите во медиумите забрането е да се менува цената на лебот, солта, зејтинот, млекото и млечните произвои, јајцата, брашното, месото, тестенините, лековите и средствата за дезинфицирање.
За утре е закажана средба на министерот Бектеши со сопствениците на најголемите супермаркети во земјава.
