Вести од светот

08.03.2014 17:26

Масовни протести во Венецуела.

Денешниот марш против сиромаштијата е еден од серијата антивладини протести со кои се соочува претседателот Николас Мадуро. Организатор на протесниот марш е опозицискиот лидер Каприлес, а бидејќи се совпаѓа со денот на жената се вклучија и невработените мајки. Досегашните демонстрации во Венецуела поминаа со жестоки судири со полицијата, најмалку 20 лица загинаа од почетокот на протестите.

Француските истражни органи ги прислушувале личните телефони на екс претседателот никола сакози, неговиот адвокат и поранешните министри геан и ортефо во рамките на истрагата за недозволено финансирање на предизборната кампања за претседателските избори во 2007-та. Истрагата почна во април минатата година, која требаше да ги провери сомневањата за финансиска поддршка од либискиот претседател гадафи на предизвобранта кампања на Саркози.

Тројката меѓународни кредитори побара од грчките власти намалување на платите на државните службеници и запирање на автоматските зголемувања на минималните плати во приватниот сектор. Според Катимерини, во разговорите меѓу грчката влада и кредиторите има напредок, но исчезнале надежите дека тројката на сотанокот в понеделник ќе го презентира договорот за т.н. Ниво на персонал.

Најмалку 7 лица загинаа во судир на автомобил и камион во белгиското гратче зонховен. Несреќата се случила кога автомобил со 6-мина патници налетална камион, а потоа се зпалил.

Mаја Стојанова