Партиите согласни за одложување на изборите, денеска лидерска средба

17.03.2020 08:47

Претседателот Пендаровски во вила „Водно“ денеска ќе биде домаќин на лидерите на политичките партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА, Беса, Алтернатива и Алијанса за Албанците. Тој не гледа проблем во одложувањето на изборите.

СДСМ, ДУИ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера излегоа пред јавноста и соопштија дека се подготвени за одложување на предвремените парламентарни избори закажани за 12-ти април годинава. Можноста за одложување на парламентарните избори е единствена точка на дневниот ред на лидерската средба што за денеска ја свика шефот на државата Стево Пендаровски.

Претседателот Пендаровски во вила „Водно“ денеска ќе биде домаќин на лидерите на политичките партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА, Беса, Алтернатива и Алијанса за Албанците. Тој не гледа проблем во одложувањето на изборите.

Не гледам проблем да се одложат изборите, впрочем мислам дека јавноста е веќе информирана во 12 часот ќе има лидерска средба со една единствена точка на дневниот ред во контекст на ова што ни се случува и нам и на сите во регионот и на сите во светот практично, да се одложат изборите. Денеска со официјален допис мониторинг мисијата на ОБСЕ, ОДИХР ја откажа таа своја мисија и за два до три дена и физички се повлекува од државата, истакна синоќа претседателот Пендаровски по седницата на Советот за безбедност на Република Македонија.