Природни науки, Математика, Музичко образование денеска на „ТВ Училница“

17.03.2020 09:03

Во рамки на едукативната програма „ТВ училница“ на МРТ учениците денеска ќе можат да проследат повеќе лекции по различни предмети што ги изучуваат на училиште...

Денеска со почеток од 10:30 часот на МРТ 1 во рамки на „ТВ Училница“ училишен час по Природни науки, за прво одделение, Математика, за прво и второ одделение, Музичко образование, за второ одделение и Слободно време (од прво до трето одделение) на македонски наставен јазик ќе ги одржи одделенскиот наставник Билјана Ивановска од ООУ „Вера Јоциќ“ од Општина Гази Баба.

Со почеток од 12:30 часот, пак на МРТ 2 истите предмети на албански наставен јазик ќе ги одржат одделенските наставници Хатиџе Топали од ООУ „Петар Здравковски – Пенко“ и Мерита Ајдини од ООУ „26 Јули“ од Општина Шуто Оризари.