Туризам

Побарајте го бисерот во Музејот на вода!

08.03.2014 17:33

Охриѓани постојано осмислуваат нови содржини за привлекување на што поголем број туристи...

Денеска,токму за 8 Март група црногорски туристки во Заливот на коските ја играше играта „Побарајте го бисерот во Музејот на вода„. Најсреќната претставничка на понежниот пол го откри скапоцениот оригинален гердан од бисери,додека останатите членки на групата добија по еден бисер,кој ќе ги потсетува на доаѓањето во Охрид.

Охриѓани им приредија прекрасно и несекојдневно доживување на група туристки од Црна Гора,кои во Охрид допатуваа за празникот.Во една од колибите на наколната населба во Заливот на коските беше сокриен оригинален гердан од бисери кој кој требаше тие да го откријат.Најсреќна беше Нада Тодоровиќ од Подгорица,која беше воодушевена од овој гест.

„Ова што денеска ми се случи е навистина прекрасно доживување кое никогаш нема да го заборавам.Бисерниот гердан е многу убав“, вели Нада Тодоровиќ-туристка од Црна Гора.

„Ова што семејството Филеви денеска ни го приреди е навистина големо и пријатно изненадување и мислам дека нашите дами од Подгорица ќе имаат што да кажуваат кога ќе се вратат дома“, вели Снежана Влаховиќ од ТА „Ин Травел“-Подгорица.

Семејството Филеви и туристичкиот водич Љупчо Јузмески веќе трета година со играта „Побарајте го бисерот во Музејот на вода„ ги растреперуваат женските срца.

„Мене ми е ќеиф што денеска е 8 Март и дека токму на овој ден усреќивме повеќе дами од групатасо добриот гест на Михајло Филев.Тој ги почести сите дами со неговиот производ оригинален охридски бисер“ изјави Љупчо Јузмески-туристички водич.

„Во нашето 100-годишно искуство,уште од нашите претци,ние секогаш кога во Охрид ќе дојдат еминентни луѓе и се разбира сите муштерии кои се добредојдени,секогаш сакаме да подариме нешто од името на семејството Филеви,Охрид и Македонија“ изјави Михајло Филев-изработувач на оригинални охридски бисери.

Иако за празникот бројот на туристите е под очекувањата,како што најави Јузмески за првомајските празници,покрај гостите од соседните држави во Охрид масовно ќе дојдат полски групи,поради што хотелите уште од сега се пребукирани. 

 

Сашо Нелоски