Консултациите за начинот на одложување на изборите ќе продолжат во следните денови
На средбата се дискутираше за повеќе можни решенија што произлегуваат од Уставот. Консултациите за начинот на одложување на изборите ќе продолжат и во следните денови, велат од Кабинетот на Пендаровски.

Средба на експерти по право и уставно право по барање на политичките лидери, а со цел да се утврдат правните аспекти на одлуката за одложување на изборите закажани за 12-ти април оваа година, се одржа вечерва во претседателскиот кабинет.
Универзитетските професори, проф. д-р Светомир Шкариќ, проф. д-р Гордана Силјановска - Давкова, проф. д-р Рената Дескоска, проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска, проф. д-р Јетон Шасивари, доц. д-р Александар Љ. Спасов и доц. д-р Денис Прешова ги разгледуваа правните аспекти за одложување на парламентарните избори закажaни за 12-ти април, соопштуваат од претседателскиот кабинет.
На средбата се дискутираше за повеќе можни решенија што произлегуваат од Уставот. Консултациите за начинот на одложување на изборите ќе продолжат и во следните денови, велат од Кабинетот на Пендаровски.
На средбата присуствувале и претседателот на Собранието, Талат Џафери, како и претседателот на Владата, Оливер Спасовски.
