Основниот суд го укина притворот за новинарот Томислав Кежаровски

Кежаровски во домашен притвор

07.11.2013 20:10

Од кривичниот суд потврдуваат дека на новинарот му е изречена алтернативна мерка домашен притвор

На барање на одбраната му е изречена алтернативна мерка куќен притвор и тој вечерва ќе биде ослободен и ќе може да се врати кај своите дома. Од кривичниот суд потврдуваат дека на новинарот му е изречена алтернативна мерка домашен притвор која ќе трае до правосилност на пресудата.

Адвокатот Филип Медарски кој е негов застапник се уште не е известен за судската одлука, но појасни дека ваквиот чекор на судот следува откако одбраната доставила барање до кривичниот совет за одредување на алтернативна мерка, сето ова поради лошите услови во затворот и психофизичката состојба во која се наоѓа новинарот.