По повод 8-ми март

Преседателот Иванов во посета на граѓаните на Велес и околните места

08.03.2014 18:01

Претседателот Ѓорѓе Иванов ,денеска одржа неколку граѓански средби со граѓаните на Велес и околните рурални места. Тој во Велес се сретна со група стопанственици од оваа општина. На средбата,челниците на локалната власт го информираа за позначајните проекти што тие ги реализираат со тенденција за развој на велешкиот регион.

Иванов ги потсети стопанствениците дека во изминатите пет години ,во рамките на своите активности ,ги промовираше можностите за биснис кои ги нуди Македонија и додаде дека работи на поврзување на домашните со странските инвеститори.  На маргините на состанокот ,преседателот Иванов ги охрабри велешките  бизнисмени да ја искористат владините мерки  во функција на развој на нивните бизниси.

„Македонија е земја со најниски даноци во Европа. Впрочем, ние сме држава со најповолен даночен пакет во Европа. Ве охрабрувам да ја искористите оваа можност.Добра можност се,секако и поволните кредитни линии на Европската инвестициска банка до кои владата обезбеди пристап “ ,изјави Иванов во своето обраќање кон бизнисмените.

Иванов ја искористи можноста да се сретне и со студентите,оние кои би требале да бидат генератори на секое општество и одржа предавање на Технолошко техничкиот факултет во Велес ,кој функционира во рамките на битолскиот Универзитет „Св.Климент Охридски, за кое студентите и граѓаните пројавија голем интерес. Тој ги повика студентите да ја искористат можноста и да се вклучат во проектите како што се „Школа за млади лидери“,  „Најдобар млад научник“ ,а за нив да бидат мотив и предизвик признанијата „Инженерски прстен“ и стипендијата „Борис Трајковски“ , кои што се одлична можност за младите кои ја сакаат науката.

„Вложувајте во своето знаење бидејќи од Вас, младите луѓе, се очекува да нудите решенија и визији за денешниот свет кој забрзано се менува“, им порача преседателот Иванов на присутните студенти.

Во рамките на посетата на општината Велес,преседателот Иванов го посети велешкото село Горно Оризари кое го населуваат над 3 000 Бошњаци,кои се втора етничка заедница по големина во општината.  

Жителите на ова село најмногу се занимаваат со производство на тутун ,кој годинава не е во целост откупен,сепак изразија надеж и убедување дека како и за досегашните проблеми,ќе се изнајде решение и за овој,така важен проблем.

Граѓаните изразија задоволство што ја имаат несекојдневната можност да се сретнат со преседателот и да поразговаат за сите нивни маки,прашања и идеи.
Граѓаните највеќе се интересираа за проблемите со откуп на тутунот,решавањето на проблемот со селската канализација ,вработувањето на младите ,правична застапеност во општината,како и билатералниот проблем околу името со нашиот јужен сосед ,интеграциите во НАТО и ЕУ,како детерминанти за прогрес на земјава.

„Секако дека ја поздравувам оваа идеја за неформално дружење со преседателот. Несекојдневен настан кој ни овозможува да си ги споделиме маките,некој да не сослуша и да се обиде да помогне. Преседателот Иванов очигледно тоа го прави“ истакна еден од присутните граѓани  на средбата со преседателот.

За време на посетата на Велес, претседателот Иванов се сретна со најстариот жител на општината, 97-годишната баба Цвета и и го честиташе 8-ми март, Меѓународниот ден на жената. Во оваа прилика, претседателот Иванов на баба Цвета и посака добро здравје и порача да ги учи младите на здрав живот. Баба Цвета се заблагодари за средбата и честитките по повод 8-ми март и на претседателот Иванов му посака добро здравје и многу успех.