ЕУ ги затовра границите најмалку 30 дена

18.03.2020 10:13

Одлуката е за најмалку 30 дена, во кој период ќе бидат ограничени сите патувања во ЕУ, кои не се од суштинско значење.

Европската Унија денеска напладне ќе ги затвори границите поради лимитирање на ширењето на коронавирусот. Лидерите на 27 земји членки на ЕУ поддржаа координирана, привремена рестрикција за влез во Унијата.

Одлуката е за најмалку 30 дена, во кој период ќе бидат ограничени сите патувања во ЕУ, кои не се од суштинско значење.

Одлуката за затворање на надворешните граници на ЕУ е донесена откако епицентарот на пандемијата од Азија се пресели во Европа.

„На земјите членки е да ја применат оваа мерка, а кажано е дека тоа веднаш ќе се направи“ изјавила претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен.

По видео-конференцијата со лидерите на 27 земји членки на ЕУ, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел порача дека предлогот на ЕК за воведување рестрикции за влез на надворешните граници на ЕУ добил поддршка од земјите членки.