Филипче: Коронавирусот не е шега, да се следат препораките без никакви отстапки
Единствениот начин да се заштитиме е секој еден, без исклучок, да се однесува одговорно. Сите информации се достапни, сите мерки се јасни. Мерките се заоструваат од ден на ден и ќе преземеме се што е потребно да го заштитиме јавното здравје- вели министерот за здравство...

Министерот за здравство, Венко Филипче уште едаш преку неговиот Фејсбук профил упати апел до ите граѓани, компании, институции, секој поединец, максимално сериозно и без никакви отстапки да ги следи насоките и препораките.
„Коронавирусот не е шега. Единствениот начин да се заштитиме е секој еден, без исклучок, да се однесува одговорно. Сите информации се достапни, сите мерки се јасни. Мерките се заоструваат од ден на ден и ќе преземеме се што е потребно да го заштитиме јавното здравје“, напиша министерот Филипче.
Нагласува дека ова институциите не може да го направат сами, потребна е силна поддршка и соработка од граѓаните.
„Останете дома! Не се собирајте, не се групирајте! Сите кои можат да работат од дома да го направат тоа. Особено внимавајте и заштитете ги највозрасните, ранливите и хронично болните, тие се во најголем ризик“- вели Филипче.
