Владата предлага воведување вонредна состојба во земјата
Владта веќе нема ниту најмала дилема, затоа на денешната седница предложивме да воведеме вонредна состојба, сега и веднаш. Мерките ги дадоа очекуваните резутати, но тие мерки треба да се заострат со воведување вонредна состојба за да спречиме уште поголем пик- соопшти премиерот Спасовски...
Премиерот Оливер Спасовски соопшти дека Владата на својата седница донела одлука за прогласување на вонредна состојба во земјата, со цел справување со состојбата со коронавирусот.
Владта веќе нема ниту најмала дилема, затоа на денешната седница предложивме да воведеме вонредна состојба, сега и веднаш. Мерките ги дадоа очекуваните резутати, но тие мерки треба да се заострат со воведување вонредна состојба за да спречиме уште поголем пик. Убедени сме дека тоа може да се спречи само со вонредна состојба, истакна премиерот Спасовски.
Нагласи дека Собранието прогласува вонредна состојба, но ако е распуштено, постои уставна одредба претседателот да прогласи вонредна состојба во траење од 30 дена.
