Уште седуммина позитивни на Ковид-19, досега вкупно 42

18.03.2020 22:42

Од 38 тестирани, позитивни на коронавирус се 7 лица, 3 од Дебар и 4 од Скопје. Во текот на денешниот ден се регистрирани вкупно 11 нови случаи на коронавирус...

Во рамките на процесот за ран скрининг на заболени од коронавирус кој започна во неколку општини, попладнево се направени 30 тестови со поширока индикација и дополнителни 8 кои пристигнаа преку Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, информира вечерва Министерството за здравство.

Од 38 тестирани, позитивни на коронавирус се 7 лица, 3 од Дебар и 4 од Скопје.

Во текот на денешниот ден се регистрирани вкупно 11 нови случаи на коронавирус. Со ова, бројката на заболени од вирусот во земјата, состојба до 21:00 часот, изнесува 42. Состојбата на сите пациенти е стабилна. Двајца од заболените имаат средно изразена пневмонија.

Во моментов, се работат уште 22 теста и тие се во рамките на скринингот, велат од Министерството. За резултатите од овие тестови, Министерството за здравство ќе информира во текот на утрешниот ден.