Прилеп

Домашно производство на заштитни маски

19.03.2020 17:54

Прилеп со ригорозни мерки за заштита на граѓаните од заразата со коронавирусот. Има 76 лица во изолација, четири добија кривични пријави, а почна и произвиодство на заштитни маски...

Прилепската фирма за изработка, за извоз, на заштитници за душеци „Гифти Текс“ ги изработи и во Болницата ги стерилизираше првите 1000 заштититни маски за потребите на институциите и за граѓаните. Откако доби дозвола од надлежните, фирмата во соработка со „Комфи Ангел“, „Кули“ „Фешн Линк“ ќе продолжи да произведува заштитни маски и по неколку илјади дневно. Болницата има доволен капацитет за стерилизација на маските кои може да се користат и повеќекратно.

Локалните власти и Црвениот крст, според приоритетот, ќе ги распределуваат заштитните маски и да нема паника, велат: има материјали за изработка на преку 100 000 маски, а дополнително и повеќе.

Градот ги дезинфицираше основните, средните училишта и градинките, јавните градски површини, а денеска се дезинфицираат влезовите во градот. Во моментов нема заразени од корона вирус, но има во самоизолација 76 лица, а 4 од нив добија и кривични пријави.

Здравствените институции се подготвени, има  соби за изолација, посебен влез во инфективното одделение за граѓаните кои имаат здрвствени проблеми и, од денеска, мобилни тимови на Здравствениот дом за домашна посета. Апелот е констатнтен за придржување на меките од Владата и од Министерството за здравство. Актуелен е и апелот до компаниите да донираат храна, хигиенски средства за социјално загрозените, што досега сѐ уште нема.

Елизабета Митреска