Избори во Србија

Битка за бидермаерот на напредњаците

08.03.2014 18:49

Во Србија на 16 март ќе се одржат вонредни парламентарни избори и изборите за Белград. Според анкетите, идната влада ќе ја составуваат напредњаците на Вучиќ.

Во Србија веќе се отпечатени гласачките ливчиња. Анкетите на Нина медија, Фактор плус и на Цесид се идентични. Напредњаците на Вучиќ ќе освојат 42 отсто од гласовите. Според анкетите,битката за бидермаерот на Напредњаците, како што медиумите ги окарактеризираа изборите, ќе ја води социјалистот Дачиќ со 13% гласови, Демократите на Џилас со 10% и Новата демократска странка на Борис Тадиќ со 8%. Во игра се и ЛДП на Чеда Јовановиќ и ДСС на Коштуница со 6% популарност.Според анкетите, напредњаците ќе победат, а останатите партии се борат меѓу себе за подобри позиици за идната владина коалиција-изјави за МТВ аналитичарот Марко Благојевиќ.

-„Во Овој момент всушност и не се водат избори за првиот и водечкиот во идната владина коалиција. Изборите се водат за партнерот на напредњаците во идната влада. Постојат повеќе партии кои конкурираат за ова, но мене ми е полесно да кажам кои партии сигурно нема да бидат во владата-Тоа се Демократската странка и ДСС на Коштуница. Сите останати можат да дојдат во позиција да преговараат за владината коалиција“, - Марко Благојевиќ-Директор на ЦЕСИД

Според Благојевиќ, главна тема на изборите се економијата,стандардот, вработувањето и борбата против корупцијата. Србија е во криза, поради што деновиве од емиратите беше земен кредит од 1 милијарда долари.

ДП на Македонците на изборите оди со Дачиќ-преку коалицијата со ПУПС, но без пратенички кандидат.ВоАприл ќе одржат конгрес со цел смирување на внатрешните тензии кои ја тресат партијата.

Од Белград за МТВ-Оливер Бранковиќ