19 нови случаи на Ковид-19, досега вкупно дијагностицирани 67 лица
Најголем дел од тестирањата направени преку ИЈЗ се во рамките на раниот скрининг, кај лица со поширока индикација. На клиниката „Жан Митрев“ се тестирани и позитивни на вирусот уште 17 пациенти, кои ќе бидат потврдени во текот на денот.

Вчера попладне и во текот на ноќта преку ИЈЗ на коронавирус беа тестирани 71 лице. Од нив 2 лица се позитивни на вирусот, едно лице од Скопје – контакт на веќе потврден и дијагностициран пациент од Скопје и едно од Охрид - дојдено од Бреша, Италија кое било во контакт со потврдени и заболени пациенти од коронавирус во Италија, соопштува Министерството за здравство.
Најголем дел од тестирањата направени преку ИЈЗ се во рамките на раниот скрининг, кај лица со поширока индикација.
На клиниката „Жан Митрев“ се тестирани и позитивни на вирусот уште 17 пациенти, кои ќе бидат потврдени во текот на денот. Со ова бројката на новозаболени до 10.00 часот е 19, а вкупната бројка на заболени во земјата е 67, велат од Министерството.
