Стабилни резервите на крв
Крводарителите да не даруваат крв ако во последните 28 дена патувале надвор од земјата, имаат симптоми на настинка, покачена телесна температура...

Институт за тарнсфузиона медицина соопшти дека располага со задоволителни количества на крвни продукти. Заедно со Црвениот Крст направена е стратегија, план и распоред на крводарителски акции за следната недела која ќе биде објавена на 22-ри март, и секако доколку има потреба ќе се промени врз основа на епидемиолошката анкета, како превентивна заштитна мерка за ширење на Ковид-19.
Од институтот велат, крводарителите да не даруваат крв ако во последните 28 дена патувале надвор од земјата, имаат симптоми на настинка, покачена телесна температура, малаксаност или отежнато дишење, како и ако биле во контакт со некој кој патувал или лице со гореспоменатите симптоми.
