Интензивна телефонска комуникација на Димитров – максимални заложби за солидарност и координирани активности

20.03.2020 15:01

Ќе се вложат максимални сили за справување со предизвиците со кои се соочува светот заради панедемијата, со главен фокус на обезбедување непречен транспорт на стоките и враќање на затекнатите граѓани низ светот, во матичните земји...

Шефот на дипломатијата Димитров, на негово барање, вчера и денес имаше телефонски разговори со своите колеги, министрите за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, Албанија, Гент Цакај, Бугарија, Екатерина Захариева, Црна Гора, Срѓан Дармановиќ и Австрија, Александер Шаленберг. Во фокусот беше олеснување на процесот на поврзување меѓу земјите во периодот на кризата, со крајна цел, помош на граѓаните, соопштуваат од МНР.

Заеднички беше констатирано дека ќе се вложат максимални сили за справување со предизвиците со кои се соочува светот заради панедемијата, со главен фокус на обезбедување непречен транспорт на стоките и враќање на затекнатите граѓани низ светот, во матичните земји.

Министрите истакнаа дека ќе сторат сѐ што е во можностите на нивните надлежности и дека континуирано ќе се залагаат за државите да преземаат активности на координиран начин и врз основа на принципите на солидараност.