Три нови случаи на Ковид-19, вкупно 70
Сите пациенти се со стабилна, лесна до средна, клиничка слика. Пациентката која е на механичка вентилација на Инфективната клиника е во критична фаза, истакна министерот Филипче.
Три нови потврдени случаи на Ковид-19 од вкупно 43 тестирани денеска, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. Вкупниот број на забоелни од коронавирус во земјава се искачи на 70.
Сите пациенти се со стабилна, лесна до средна, клиничка слика. Пациентката која е на механичка вентилација на Инфективната клиника е во критична фаза, истакна министерот Филипче.
Се очекува да расте бројот на зарезни. Од тројцата потврдени случаи денеска, една пациентка патувала во Србија, втората пациентка е баба на четиригодишното девојче од Штип, и уште еден пациент е од Скопје.
Заболени од Ковид-19 досега има во Скопје,Дебар, Гостивар, Штип и Охрид.
