Слалом

Триумф и Мал глобус за Шифрин

08.03.2014 19:13

Американката Микаела Шифрин триумфираше на слаломот за Светскиот куп што се возеше во шведскиот Оре.

Со овој триумф 19-ет годишната олимписка победничка во оваа дисциплина, успеа да го осигура и Малиот глобус за оваа сезона.

Шифрин до победата стигна со време од 1:50.66, оставајки ги зад себе од второто до четвртото место трите домашни претставнички, Марија Пиетилае Холмер, Ана Свен-Ларсон и Фрида Хансдотер за која немаше место на подиумот.

Пред последниот слалом од сезоната во Ленцерхајд, Шифрин има недостижни 130 бода пред второпласираната Фрида Хансдотер, а 313 повеќе од Австријката Ана Фенингер која во Оре остана без пласман.

Седмото место во шведскиот ски центар на Германката Марија Хефл-Риш и овозможи со 1180 бода да го превземе лидерското место во генералниот пласман за Светскиот куп, пред сонародничката Ана Фенингер која има 29 помалку. Трета е повредената Тина Вајратер од Лихтенштајн со 943 бода.

Алпинките ќе возат уште четири трки на завршницата на Светскиот куп идниот викенд во Ленцерхајд.