Девет нови случаи на Ковид-19, вкупно 85
Според местото на постојано живеење, случаи на КОВИД-19 се регистрирани во 6 градови: Скопје, Дебар, Штип, Кавадарци, Гостивар и Охрид...

Регистрирани се девет нови случаи на коронавирус во земјата. Со ова, бројката на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 85- соопшти Министерството за здравство.
Според местото на постојано живеење, случаи на КОВИД-19 се регистрирани во 6 градови: Скопје, Дебар, Штип, Кавадарци, Гостивар и Охрид.
Состојбата на хоспитализираните пациенти Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е непроменета во однос на вчера. Единствената пациентка која е на респираторна машина е во критична фаза, тројца се со форма на потешка пневмонија, но во моментов се стабилни, а останатите пациенти се со полесна клиничка слика.
Сите пациенти кои се на домашно лекување се во постојан контакт со лекарите од клиниката, велат од ресорот здравство.
