Од утре полициски час од 21:00 до 06:00

21.03.2020 20:53

Од утре започнуваме со ограничување на движењето на сите граѓани (полициски час). Се забранува движење на населението во периодот од 21 до 06 часот секој ден. Нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање- соопшти премиерот Спасовски...

Владата донесе одлука за воведување најрадикални мерки со цел да го заштити здравјето на граѓаните од коронавирусот, соопшти вечерва премиерот Оливер Спасовски на вонредна прес- конференција.

„Од утре започнуваме со ограничување на движењето на сите граѓани (полициски час). Се забранува движење на населението во периодот од 21 до 06 часот секој ден. Нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање, мерките мораме сите да ги почитуваме, само така ќе си ги спасиме народот и државата“, соопшти премиерот Спасовски.