Разни сценарија околу исчезнатиот „Боинг 777“
Се уште нема никаква трага од авионот на „Малезија ерлајнс“.

Не се исклучува можноста дека се работи за терористички акт, а во потрагата се вклучи и американското федерално истражно биро. Анализите на радарските податоци покажуваат дека исчезнатиот Боинг 777 е можно да свртел назад, но за тоа не биле известени воздухопловните власти и авиокомпанијата што инаку е правило кое пилотот морал да го испочитува. И покрај напорите на некоку земји кои испратија 20 авиони и 40 бродови, пронаоѓањето на остатоците на леталото се очекува да трае подолг период. И додека трае потрагата во јужното кинеско море, малезиските власти водат истрага за идентитетот на патниците, особено за четворицата за кои се претпоставува дека имале лажен идентитет. За двајца мажи кои се претставувале како австриец и италијанец потврдено е дека патувале со лажни патни исправи кои претходно биле украдени во Тајланд. Поради овој податок и фактот дека мистериозното исчезнување на авионот се случи во одлични временски услови наведува дека можеби бил мета на терористички напад. Експертите не ја исклучуват ниту можноста дека станува збор за откажување на моторот, дефект на авионот, екстремни турбуленции, пилотска грешка, па дури и самоубиство на пилотот.
