На Инфективната клиника почина пациент заболен од Ковид- 19

23.03.2020 11:07

Се работи за маж на 63 годишна возраст од Дебар, кај кого дошло до нагло влошување на состојбата, соопшти Министерството за здравство...

Втор смртен случај од Ковид-19 во земјава. Ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент заболен од коронавирус. Се работи за маж на 63 годишна возраст од Дебар, кај кого дошло до нагло влошување на состојбата, соопшти Министерството за здравство.

Пациентот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби на 17 март, без покачена температура, но со наод на белите дробови и бил зависен од кислород. Во текот на ноќта нагло се влошува неговата состојба, веднаш е интубиран, ставен на респираторна машина, но во неколку часа неговата состојба дополнително се влошила и пациентот починал. Пациентот немал позната историја на коморбидитет, велат од Министерството за здравство.