Осми состанок на главниот координативен кризен штаб

23.03.2020 13:40

Се дискустираа серија на мерки и препораки кои како предлози ќе се најдат на денешната владина седница, а произлегуваат од Комисијата за заразни болести, ресорните министерства како и Центарот за управување со кризи

Заврши редовниот осми состанок на главниот координативен кризен штаб, преводен од претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски.

На денешниот состанок, се дискустираа серија на мерки и препораки кои како предлози ќе се најдат на денешната владина седница, а произлегуваат од Комисијата за заразни болести, ресорните министерства како и Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, кои реферираа во врска со актуелните состојби во изминатото деноноќие.